Дали Извештајот за Македонија ќе се усвои оваа недела и следната во Европскиот Парламент не менува ништо. Ова се историски работи кои остануваат непроменети. Тоа е голем историски чекор, нашата позиција станува афирмирана и призната и тоа е нешто за поздравување иако имаме голем и долг пат пред себе, вели вицепремиерот Александар Николоски во однос на Предлог-извештајот за Македонија кој треба да биде усвоен во Европскиот Парламент.
„Од вистината не се бега, прашање на време е само кога ќе излезе, а во европските институции полека излегува. Извешатој е коректен, нема ништо што е надвор од вистината или што не соодејствува на реалноста и само го потврдува она што сите го знаеме, а тоа е дека Македонија и македонските гарѓани не се случајни, не се вештачки насадени на Балканот туку имаат долга и вековна традиција која што на сите ние е позната. Одредени други сакаат да ја негираат и да речат дека тоа не е така, но и оваа вистина излезе. Годините на претходната Влада, тоа беа години на национално понижување, години кој што никој не смее да ги заборави затоа што тие години треба да се потсетник и предупредување за да не ни се случат истите работи за годините пред нас, за да не ни се појават анационални ликови кои би имале клучни позици или би не воделе. Сега има Влада која е патриотски насочена и која ги брани националаните интереси”, истакна вицепремиерот Николоски.