Динамо од Загреб доби нов тренер

Макфакс

04/06/2025

13:12

211

Големина на фонт

а а а

Марио Ковачевиќ е новиот тренер на Динамо, објавија челниците на клубот од Загреб.

Поранешниот стратег на Славен Белупо формално го презеде кормилото на тимот со кој ќе ги започне подготовките за новата натпреварувачка сезона на 18 јуни.

Ковачевиќ доаѓа по забележителна сезона во која неговиот Славен Белупо стигна до финалето во Купот и го освои петтото место во првенството.

Ковачевиќ кариера како фудбалер ја изградил како играч од средниот ред во Сараево, а поради војната дошол во Хрватска и играл за Вартекс, Белишќе, Славен Белупо, Меѓумурје, потоа за словенечката Нафта од Лендава и за албанскиот Динамо од Тирана.

Тој е тренер од 2014 година, кога седна на клупата на неговиот поранешен клуб, Меѓумурје. Потоа го водеше Вараждин, каде што го презеде сениорскиот тим, а работеше и со помладите категории.

Исто така, беше тренер на Полет од Свети Мартин, Мура, Подравина од Лудбрег, повторно Меѓумурје, а остави значаен тренерски белег во хрватската лига на клупата на Вараждин и Славен Белупо.