Фердинанд за напаѓачот кој Челси му го „украде“ на Јунајтед: Тоа ќе беше погрешен чекор

Дерби

04/06/2025

11:38

392

Големина на фонт

а а а

Лиам Делап со своите изданија во Премиер лигата го привлече вниманието на најважните клубови во англиската елита, но иако се чинеше дека е на добар пат да заврши во Манчестер Јунајтед, голгетерот на Ипсвич повторно ќе носи сини бои.

Напаѓачот кој постигна 12 погодоци во Премиер лигата го избра Челси пред Манчестер Јунајтед и операцијата е пред целосно комплетирање, нешто кое го потврди и легендарниот Рио Фердинанд кој обично е задолжен за коментирање на трансфер потезите кои ги влече клубот од „Олд Трафорд“.

Јунајтед до оваа фаза од преодниот рок го потврди Матеус Куња како прво летно засилување, очигледно ја загуби битката со Челси за Делап, но по се изгледа ќе го добие Ембеумо од Брентфорд.

– Сметам дека Лиам Делап е извонреден млад фудбалер со огромен потенцијал, но исто така сметам дека пристигнувањето во Манчестер Јунајтед ќе беше погрешен чекор за него, но и за клубот. На Јунајтед сега му е потребно искуство, а не уште еден млад централен напаѓач.

– Отсекогаш сум велел дека младите напаѓачи кои пристигнуваат во големи клубови треба да имаат примери од кои треба да учат. Тоа го видовме во Јунајтед со Вејн Руни кој имаше можност да учи од далеку поискусни напаѓачи. Лиам Делап по се изгледа е на пат кон Челси, но на Јунајтед му е потребен искусен напаѓач кој ќе им помогне на младите напаѓачи кои се дел од тимот во овој момент, – вели Фердинанд.

Делап во февруари наполни 22 години, а неговиот трансфер ќе го чини Челси 30 милиони фунти.