Џејдон Санчо имаше навистина добар старт на авантурата во Челси и се доби впечаток дека лондонскиот клуб брзо ќе ја активира откупната клаузула вредна 25 милиони фунти, но како што течеше сезоната, таквото сценарио изгледаше се понеизводливо.
Челси на крајот се избори за место во Лигата на шампионите и освои трофеј во Конференциската лига откако во финалето гол постигна и Санчо, но и покрај ова, крилниот напаѓач не се избори за свое место во тимот кој го планира Енцо Мареска за следната сезона.
„Сините“ одбија да ја исплатат клаузулата од 25 милиони фунти и како казна прифатија да исплатат 5 милиони фунти на Манчестер Јунајтед, па така после уште една позајмица, Џејдон ќе мора да се врати на театарот на соништата.
Повеќе од јасно е дека Санчо ќе мора да бара нов клуб во ситуација кога нема иднина на „Олд Трафорд“, но пред да почне да размислува на тоа, почувствува потреба да им се обрати на „сините“ од Лондон.
– Благодарен сум за искуството. Имам голема љубов кон сите во Челси кои направија да се чувствувам како дома – соиграчи, стручен штаб и фанови. Му посакувам на клубот се најдобро во иднина. Навистина сум ви благодарен, Ви благодарам сини, – порача Санчо.
Grateful for the experience. Big love to everyone at Chelsea who made me feel at home — teammates, staff and the fans.
— Jadon Sancho (@Sanchooo10) June 3, 2025
Wishing the club all the best moving forward. Truly grateful, Thank you Blues 💙🙏🏼 pic.twitter.com/LFEpK5o7j8