[ФОТО] Џорџ Клуни откри зошто се офарбал и ја реши мистеријата на годината: „Како да минувам низ некоја ужасна криза на средните години, косата ми е навистина ужасна“

Точка

04/06/2025

10:30

1.486

Големина на фонт

а а а

Откако се појави на сцената, го следи епитетот холивудскиот шармер, а се чини дека тоа доби на интензитет кога косата му побеле. Меѓутоа, неодамна бевме сведоци на сензационален пресврт – Џорџ Клуни се офарба во костенлива нијанса, фрлајќи ги во очај бројните обожавателки. На неговата сопруга исто така не ѝ се допадна новиот имиџ, што многу јасно му го ставила до знаење.

Враќањето на „штиците што живот значат“ по повеќе од три децении е толку значаен настан во неговата кариера што се одлучил за привремена трансформација. Несигурен како би реагирале обожавателите кога би го виделе без неговиот заштитен знак, Џорџ Клуни првично се обидел да ја скрие својата нова боја на коса под шапка, а потоа одлучил јавно да ја објави, и тоа стана вирално.

Немаше масовен ентузијазам. Каде исчезна таа прекрасна седа коса, која зрачеше со одлучност и зрелост? Ниту нему не му се допаднала претерано, дури признал дека неговите деца ќе му се смеат затоа што дури и не го паметат поинаку.


Додека гостуваше во „Доцна навечер со Сет Мејерс“, Клуни се пошегува дека повеќе би сакал да ја избричи главата отколку да се појави на доделувањето на наградите Тони со моменталната фризура.

„Можеби ќе изгледам како Јул Бринер“, рекол тој низ смеа, мислејќи на легендарниот ќелав актер од мјузиклот „Кралот и јас“.

„Последната изведба на претставата е во недела, а додека стигнеме до доделувањето на наградите Тони таа вечер, оваа фризура ќе ја нема“, додал тој.

Актерот моментално го игра легендарниот новинар Едвард Р. Мароу во претставата „Добра ноќ и добра среќа“, поради што ја промени бојата на косата. Но, промената му станува сè потешка, па затоа носеше бејзбол капа за време на интервјуто за да ја покрие својата „непријатна фаза на растење“.


„Ужасно е. Сè уште е темно горе, а сиво долу. Значи, добивате прекрасна транзиција на сива боја“, рекол тој, додавајќи: „Изгледа лошо. Како да поминувам низ некаква ужасна криза на средните години.“