Кимих за одлуката на Вирц: Има причини за тоа, се надевам…

Дерби

03/06/2025

11:24

220

Големина на фонт

а а а

Флоријан Вирц е еден од играчите за кого често се говори во изминатиов период, а причината за тоа е потенцијалниот трансфер.

Тој сè уште е дел од бундеслигашот Баер Леверкузен, клуб во кој се наметна со своите настапи и го привлече вниманието на најголемите тимови во Европа.

Меѓутоа реално само неколку клубови можат да си го дозволат, па иако во еден момент изгледаше дека се е наместено за негова преселба во Баерн Минхен, таа опција отпадна и сега се води кон тоа да офанзивецот заврши во англискиот шампион Ливерпул.

Во таборот на „баварците“ сигурно не се баш најсреќни поради овој потег на Вирц затоа што тие секогаш сакаат да ги имаат најдобрите германски играчи во своите редови, меѓутоа мора да го признаат поразот во оваа ситуација.

- Тој ќе има свои причини за донесување на оваа одлука. Се надевам дека ќе се покаже дека е вистинскиот пат за него. Како играч на Баерн, природно би сакал тој да дојде кај нас, - вели Јозуа Кимих.