Започнаа преговорите меѓу Русија и Украина во Истанбул, пристигна и шефот на турското разузнавање

Макфакс

02/06/2025

12:41

151

Големина на фонт

а а а

Домаќините на разговорите, турската делегација, беа првите што пристигнаа на местото на денешната средба меѓу руските и украинските преговарачи во Истанбул. Руската делегација, предводена од Владимир Медински, пристигна околу 11:40 часот, додека украинската делегација пристигна седум минути подоцна.

Разговорите беа закажани за 12 часот, а нивното времетраење не е однапред одредено. Претходната рунда разговори, одржана на 16 мај, траеше помалку од два часа.

Директорот на турската разузнавачка служба МИТ, Ибрахим Калин, исто така пристигна на местото на средбата, нагласувајќи ја важноста што Анкара ја придава на овој дипломатски процес.