Постекоглу заминува од Тотенхем

Макфакс

02/06/2025

10:45

184

Големина на фонт

а а а

Ангелос Постекоглу, ја освои Лига Европа, му овозможи на Тотенхем да игра во Лигата на шампионите, но таму ќе го предводи некој друг тренер. Тотенхем се раздели со Постекоглу, во наредните денови ќе биде познато името на неговиот наследник.

Во својата втора сезона на клупата на Тотенхем, Постекоглу му го донесе на клубот првиот трофеј од 2008 година. Сепак, дури ни трофејот во Лига Европа не беше доволен за да ја задржи својата работа.

Спарс беа ужасни во Премиер лигата, сезоната ја завршија на 16.место, што го натера газдата Даниел Леви да ја раскине соработката со тренерот две години пред истекот на договорот.

Според англиските медиуми, Леви веќе го контактирал данскиот тренер Томас Франк, актуелниот менаџер на Брентфорд.