Филипче: Квазипатриотите зборуваат за патриотизам, а имаат бугарски пасоши

Макфакс

31/05/2025

10:01

231

Големина на фонт

а а а

Лажниот патриотизам е карактеристика на ВМРО-ДПМНЕ, истакна од Крива Паланка претседателот на СДСМ Венко Филипче.

„ВМРО-ДПМНЕ зборува за патриотизам, а имаат бугарски пасоши, тоа е квазипатриотизам и лицемерие“, вели тој.

Според него, единствена гаранција за Македонија е АСНОМ-ската идеја за заедништво и праведност.

Македонија не смее да биде изолирана, истакна Филипче и додаде дека мораме да останеме дел од светот кој се движи напред, дел од НАТО и да станеме дел од ЕУ, бидејќи припаѓаме меѓу развиените земји.

„СДСМ е единствениот гарант за европската иднина, ние не се плашиме од реформи, од европски обвинители, а тие кои денес владеат и тоа како имаат. Затоа ќе прават се, ќе се кријат зад лажен патриотизам за да избегнат одговорност“, потенцира Филипче.