[ФОТО] Пет месеци откако исчезна, Миле Тодоров од Неготино виден кај планината Серта

Макфакс

29/05/2025

17:28

1.649

Големина на фонт

а а а

Дваесет и осумгодишниот Миле Тодоров кој се води за исчезнат од јануари, наводно бил забележан додека се движел покрај планината „Серта“.

Во објава на социјалните мрежи, чијашто автентичност е потврдена од семејството и полицијата, се вели дека очевидец го забележал на планината Серта на релација Неготино-Штип. Бил ослабнат со долга коса и брада.


Се апелира доколку некој го забележи да пријави во МВР.

Миле последен пат бил виден на 30 јануари, годинава, во Марена, околу 10.30 часот. Во објавата за неговото исчезнување стои дека бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек.