Меџити: Напредно управување со отпадот и чистење на дивите депонии, приоритет на Министерството за животна средина

Макфакс

29/05/2025

16:32

107

Големина на фонт

а а а

Вицепремиерот и министер за животна средина и просторно планирање, Изет Меџити, денес учествуваше и имаше обраќање на 6-тата Меѓународна конференција „Патот кон одржливо управување со отпадот“, организирана од Здружението за управување со цврст отпад – MASWA.

Во своето обраќање, Меџити ја истакна важноста на одржливото управување со отпадот и развојот на циркуларната економија како клучни елементи во справувањето со климатските промени и деградацијата на животната средина.

„Управувањето со отпад претставува комплексен предизвик, но и можност за развој на иновативни технологии и за зајакнување на зелена економија. Министерството за животна средина е посветено на изградба на регионален системи за управување со отпад што ќе ги исполнува највисоките европски стандарди, вклучувајќи ја и изградбата на првата регионална стандардизирана депонија во земјата,“ рече Меџити.

Тој ја посочи и потребата од тесна меѓуопштинска и меѓусекторска соработка и почитување на стандардите на ЕУ, кои се неопходни за транспарентно и ефикасно функционирање на системот за управување со отпад и за унапредување на процесот на европска интеграција.

Министерот Меџити информираше и за мерките преземени за чистење на дивите депонии, со цел создавање почист и побезбеден животен амбиент за граѓаните и подобра заштита на јавното здравје.

На крајот, Меџити потенцираше дека заштитата на животната средина е заедничка одговорност и дека преку соработка ќе се создаде поодржлива и поздравa иднина за идните генерации.