Герасимовски се подготвува за втор мандат: Имаме одличен план и програма

Макфакс

29/05/2025

14:33

135

Големина на фонт

а а а

Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски, во одговор на новинарско прашање изјави дека се подготвува за втор мандат.

„Изминатите три и пол години јас и мојот тим од Општина Центар работиме целосно во интерес на граѓаните, спроведувајќи голем број на проекти коишто дел се во реализација, цел се завршени. Но, имаме одличен план и програма којашто се спрема за следниот мандат“, додаде тој.

Кажа дека постојано се во кампања.

„Секако дека се подготвуваме, ние сме постојано и во кампања, но приоритет ни се граѓаните и проектите што ги имаме започнато и ветено пред граѓаните во 2021 година“, рече Герасимовски.