Кина денеска успешно лансираше ракета-носач „Лонг Марч-4Б“ со цел да го постави новиот сателит „Шиџијан-26“ во орбитата.
Ракетата беше лансирана во 12:12 часот по локално време од центарот за лансирање сателити Џиучуан, кој се наоѓа на северозападот на Кина, пренесе агенцијата „Синхуа“.
Сателитот ќе се користи главно за национални истражувања на земјиштето, управување со животната средина и други сектори, обезбедувајќи информации кои ќе го поддржат економскиот развој на земјата, наведува агенцијата.
Ова беше 579-та мисија на ракета-носач од серијата „Лонг Марч“.
Кина досега има лансирано 12 сателити за следење на своите вселенски компјутерски констелации, како дел од амбициозниот план за „освојување“ на вселената, кој предвидува вкупно 2.800 сателити.