Претрес во Батинци, пронајдени пиштоли и куршуми, еден уапсен

Макфакс

27/05/2025

11:50

656

Големина на фонт

а а а

Денеска во 09 часот во село Батинци, скопско, полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје го лишија од слобода 53-годишниот Е.Х. од село Батинци затоа што при извршен претрес во неговиот дом и други простории, по претходна судска наредба, се пронајдени и одземени три пиштоли и 643 куршуми.

По целосно документирање на случајот, против Е.Х. ќе биде поднесена кривична пријава по брза постапка.