Додека Венко Филипче очајно бара начин како да се факторизира на политичката сцена и како да се етаблира како претседател на партија, отворено призна дека не му е грижа за граѓаните и не чувствува одговорност за Онкологија, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.
Венко Филипче, според оваа партија, не се грижи што беше најлошиот министер за здравство.
Филипче, додаваат од ВМРО-ДПМНЕ не се грижи што додека бил министер за здравство, оштетен е Буџетот на државата преку измама, од над 2,2 милијарди денари или над 35 милиони евра
„На Филипче не му е грижа што онколошката терапија не се давала на пациенти, дека се крадела, па дури и завршувала на црниот пазар во Косово.
Филипче не чувствува одговорност што илјадници граѓани директно или индиректно беа засегнати со случајот Онкологија и ги изгубија своите блиски и трпеа штети.
На Филипче не му е грижа и не чувствува одговорност што дозволи здравствениот систем да се распадне.
Филипче не чувствува одговорност што поради него и СДС се случи крах на македонското здравство, кој доведе до агонија кај пациентите, пациенти без терапии и без лекови, неефикасен систем на закажување термини и егзодус на лекарите“.
Како што оценуваат од партијата на власт, на Филипче му е важно единствено како да се факторизира на политичката сцена, за повторно да местат тендери во четири очи, да течат провизии, и да прават зделки со Заев.
Порачуваат дека Филипче и СДС треба да знаат дека граѓаните повеќе нема да дозволат да бидат жртви на валканите игри кои со години го уништуваа здравствениот систем.