Тудор ќе го предводи Јувентус на клупскиот мундијал

Макфакс

26/05/2025

14:48

455

Големина на фонт

а а а

Тренерот на Јувентус, Игор Тудор, сака да го предводи тимот на претстојното Светско клупско првенство во Америка, изјави неговиот менаџер Ентони Шериќ.

Хрватскиот тренер го презеде Јувентус во март, откако Тијаго Мота беше отпуштен. Потпиша договор до крајот на сезоната, односно до крајот на Светското клупско првенство, кое се одржува во САД од 14 јуни до 13 јули.

Тој ги предводеше црно-белите до четвртото место на табелата, кое ги носи во Лигата на шампионите следната сезона, по победата од 3:2 над Венеција во последното коло.

Тудор по натпреварот изјави дека „не е добро и нема логика“ тренер да води тим на Светското клупско првенство, а потоа да не биде во клубот следната сезона.

Менаџерот на Тудор, Шериќ, изјави дека тренерот ја разјаснил ситуацијата за време на разговорот со спортскиот директор на Јувентус, Кристијан Џунтоли.

„По интервјуто што го даде по натпреварот, тој и Кристијано разговараа и Игор ќе го почитува договорот да го предводи Јувентус на Светското клупско првенство. И нема да врши никаков притисок врз клубот да направи избор за иднината, бидејќи очигледно се надева дека ќе биде тренер на Јувентус и следната сезона – изјави Шериќ за „Скај Италија“.

Раководството на Јувентус е заинтересирано да го врати Антонио Конте, кој оваа сезона ја освои титулата со Наполи.