Иднината на Тудор мора да биде решена пред почетокот на клупскиот Мундијал

Макфакс

26/05/2025

10:24

315

Големина на фонт

а а а

Игор Тудор ги предупреди челниците на Јувентус дека нема намера да го предводи тимот на Светското клупско првенство доколку клубот одлучи да доведе нов тренер за сезоната 2025/26. Тудор ова го изјави по драматичната победа на Јувентус во Венеција (3:2), со која „старата дама“ избори место во Лигата на шампионите.

Спортскиот директор Кристијано Џунтоли претходно изјави дека клубот ќе донесе одлука за иднината на Тудор дури клупскиот Мундијал кој ќе започне на 15.јуни, но хрватскиот стручњак смета дека тоа мора да се реши порано.

„Наскоро ќе биде познато, не по Светското клупско првенство, туку пред тоа“, изјави Тудор за „Скај Спорт Италија“.

„Секогаш сум задоволен. Постигнавме нешто, но тоа е животот на еден тренер. Секогаш си на работ и сè зависи од резултатите. Мора да се фокусираш на развојот на тимот и да најдеш смисла и задоволство во оваа работа. За мене, ништо немаше да се промени дури и да не победувавме денес“.

На прашањето колку засилувања би биле потребни за Јувентус да се бори за титулата следната сезона, Тудор одговори: „Мислам дека тимот со Бремер, Купмајнерс и Кабала е многу силен и може да се справи со секого“.

Кога го прашаа кои места во тимот клубот ќе се стреми да ги зајакне, Тудор беше краток: „Не можам ништо да кажам, наскоро ќе разговараме. Сите бевме фокусирани на крајот од сезоната, на сите натпревари. Не сакав ни да зборувам за ова. Сега го имаме Светското клупско првенство, но сè ќе биде решено пред тоа. Немаше смисла да одиме таму без одлука или да донесеме одлука за промена на тренерот, а потоа да одиме на тоа натпреварување со истиот тренер. Тоа не би било сериозно ниту за клубот ниту за тренерот.“

Антонио Конте се споменува сè почесто во италијанските медиуми во последните недели како потенцијален наследник на Тудор. Покрај тоа, Џунтоли е пред отказ по турбулентната сезона, пишуваат Италијанците.