Деветнаесетгодишник од Кавадарци е приведен оти турнал жена и тешко ја повредил за да ја ограби.
Нападот, според информацијата на полицијата, се случил синоќа околу 21 часот на улицата Благој Крстиќ.
Оштетената е 75-годишната В.А. од Кавадарци. Таа на сила била турната во влезот од зградата, и и’ била грабната чантата во која носела 3.000 денари и мобилен телефон „моторола“. При падот се здобила со тешки повреди и била пренесена во кавадаречката болница.
Во близина на местото на грабежот била пронајдена ташната, а при прегледот кај осомничениот биле пронајдени дел од парите и мобилниот телефон, како и дрога.
Деветнаесетгодишникот е задржан во станица, а извесен е јавен обвинител за целиот случај.