Тешкиот напад на руски беспилотни летала и балистички ракети врз Украина во текот на ноќта беше нов демонстрација дека Москва го блокира договорот за прекин на огнот што ќе стави крај на војната, изјави украинскиот претседател Володимир Зеленски.
„Беше тешка ноќ за цела Украина“, напиша Зеленски на социјалната мрежа Телеграм.
Руските сили истрелаа 14 проектили и 250 беспилотни летала кон Украина, соопштија од воздухопловните сили на Украина. Според нивните изјави, над Киев биле соборени 245 дронови и шест проектили.
🚨 Lực lượng Nga đã tiến hành một cuộc tấn công bằng máy bay không người lái lớn vào Kyiv, với báo động không kích kéo dài khoảng bảy giờ.
— KhônG có CônG (@MotLaHai) May 24, 2025
Theo báo cáo sơ bộ, tám người đã bị thương. Thiệt hại cho các tòa nhà dân cư đã được ghi nhận ở nhiều quận. pic.twitter.com/nynbZ8H1WG
Шефот на воената управа на градот Киев Тимур Ткаченко денеска на својот канал Телеграм објави дека во масовен напад на руски беспилотни летала врз Киев се ранети 15 лица.
Според него, „непријателот ја усовршува сопствената тактика на користење беспилотни летала, а во исто време изведува удари со балистички ракети“, пренесува Укринформ.
Kyiv at night… pic.twitter.com/r90JxNuY3e
— Ihor Lachenkov (@igorlachenkov) May 24, 2025
„Од 08:00 часот е познато дека на неколку локации во населбата Голошеив паднале остатоци од соборен дрон. Едно лице е повредено, а пет автомобили се оштетени. Пријавен е пожар на 4-ти и 5-ти кат во станбена зграда во населбата Соломјан. Седум лица се повредени, едно лице е спасено и потврдено е дека пожарот е локализиран“, изјави Ткаченко.
И Украина во изминатите 72 часа напаѓаше со дронови цели во Русија, а според информациите повеќе од 750 борбени беспилотни летала биле лансирани во изминатите денови од области под украинска контрола.
„Руската противвоздушна одбрана успешно одговори на масовниот напад со украински беспилотни летала врз областа Липецк“, соопшти гувернерот на руската област Игор Артамонов.
Артамонов додаде дека беспилотните летала паднале во индустриската зона Јелац и дека според првичните информации нема жртви.