Трамп: Ќе воведам царина од 25 отсто на „Епл“ ако не почне да произведува „Ајфон“ во Америка

Макфакс

23/05/2025

16:02

165

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека „Епл“ мора да ги произведува своите „ајфон“ телефони во Соединетите држави – или ќе се соочи со царина од 25 проценти.

„Го информирав Тим Кук од „Епл“ одамна дека очекувам ајфоните кои се продаваат во Соединетите Американски Држави да се произведуваат во САД, а не во Индија или на кое било друго место“, напиша Трамп на платформата „Тру соушал“.

„Ако тоа не е случај, „Епл“ ќе мора да плати тарифа од најмалку 25 отсто на САД“, напиша Трамп.

Минатата недела, за време на посетата на Блискиот Исток, Трамп изрази незадоволство од планот на „Епл“ да произведува „ајфон“ уреди за американскиот пазар во новоизградените објекти во Индија.