Малолетна девојка допирана по телото во автобус на ЈСП

Макфакс

23/05/2025

13:39

530

Големина на фонт

а а а

Вчера во 17.00 часот во СВР Скопје, 50-годишен маж пријавил дека околу 13.15 часот во автобус на ЈСП на подрачјето на Кисела Вода, едно лице ја допирало по телото неговата малолетна ќерка.

Таа според пријавеното го турнала по што тој продолжил сам да се допира.

Полицијата соопшти дека се преземаат мерки за расчистување на случајот.