Утрово во 04.00 часот на улица „Дисанска“ во Кавадарци, полициски службеници од ОВР Кавадарци го лишија од слобода А.М.(35) од село Глишиќ, кавадаречко.
При сообраќајна контрола, сопрено е патничко возило „цитроен“ со кавадаречки регистарски ознаки, кое го управувал и по преземени мерки констатирано е дека е под дејство на алкохол, односно измерени му се 3,05 промили алкохол во крвта.
А.М. е задржан во полициска станица, известен е јавен обвинител и по документирање на настанот против него ќе биде поднесена пријава по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, соопшти полицијата.