Маркизио направил избор на најдобрите играчи во Серија А, како и МВП на сезоната во Јувентус

Дерби

23/05/2025

11:14

199

Големина на фонт

а а а

Клаудио Маркизио повремено ги коментира случувањата на италијанската фудбалска сцена, а како поранешен играч на Јувентус од него често се бара мислење и за ситуацијата во редовите на „бјанконерите“.

Поранешниот италијански репрезентативец во последното интервју ги избрал најдобрите играчи сезонава во Серија А, а го избрал и својот МВП во редовите на Јувентус.

– Во однос на голманите, број еден сезонава беше Јан Зомер од Интер, посебно ако се знае дека ќе игра и финале во ЛШ.

– Во одбраната би ги истакнал Бонџорно од Наполи и Ачерби од Интер, во средниот ред МекТоминеј од Наполи и во нападот би го издвоил Тирам од Интер.

– Што се однесува до Јувентус, МВП на сезоната според мене е Кефран Тирам, – рекол Маркизио.