Мерц: Русија ја загрозува безбедноста на цела Европа

Макфакс

22/05/2025

18:23

184

Големина на фонт

а а а

Русија ја загрозува безбедноста на цела Европа, изјави германскиот канцелар Фридрих Мерц за време на неговата посета на Литванија.

Мерц во Литванија присуствува на основањето на првата постојана германска воена единица во странство по Втората светска војна.

„Русија е закана за сите нас“, рече тој на прес-конференција во литванскиот главен град Вилнус.

„Се заштитуваме од таа закана – и затоа сме тука денес.“

Мерц нагласи дека НАТО е подготвен да ја брани својата територија „од каква било агресија“.

„Заедно со нашите партнери, решени сме да ја заштитиме територијата на Северноатлантската унија од каква било агресија. Безбедноста на нашите балтички сојузници е и наша безбедност“, изјави тој за новинарите.

Мерц изјави денес дека напорите за постигнување прекин на огнот во Украина се уште се во рана фаза и би можеле да траат со месеци.

„Немаме илузии. Нема брзо решение. Ова е процес што штотуку започна и може да потрае уште многу недели, можеби дури и месеци“.

Тој рече дека Европската Унија не пропушта можности за постигнување дипломатско решение, но дека тоа не е можно во краток временски период, пренесува Политико.

Тој исто така, укажа на важноста на западното единство, велејќи дека координацијата со партнерите од ЕУ и контактирањето со американските пратеници ќе останат клучен дел од стратегијата на Германија, пренесуваат медиумите во регионот.

– Исто така, во интерес на Америка е да продолжиме да се движиме напред заедно – рече тој, додавајќи дека неговите разговори со членовите на американскиот Конгрес покажале поддршка за продолжување на трансатлантската алијанса.