Повеќе од четвртина од населението во Германија е со странско потекло

Точка

22/05/2025

17:58

1.422

Големина на фонт

а а а

Во Германија, според најновите податоци, повеќе од една четвртина од жителите се со странско потекло, објави во четвртокот Сојузниот завод за статистика.

„Во 2024 година, во Германија живееја 21,2 милиони граѓани со миграциско потекло, што претставува 25,6 проценти од вкупното население“, соопшти Сојузниот завод за статистика.


Бројот на граѓани со миграциско потекло е зголемен за еден процентен поен во споредба со 2023 година. Во оваа категорија демографите ги вбројуваат лицата кои самите се доселиле во Германија или оние чии родители имигрирале по 1950 година.


Бројот на оние кои лично имигрирале изнесува 16,1 милиони, што значи дека речиси секој петти жител на Германија е доселеник. Уделот на граѓани со миграциско потекло е особено висок во старосната група од 20 до 39 години, каде што изнесува 34 проценти.


Од 2015 година, најмногу луѓе доселиле од Сирија и Украина, но и од Турција, Романија и Полска.