[ФОТО] Српската инфлуенсерка повторно им одржа модна лекција на сите во Кан: Најдобро облечената жена на вечерта

Точка

22/05/2025

23:09

3.866

Големина на фонт

а а а

Покрај познати имиња од светот на филмот и забавата, Канскиот филмски фестивал секогаш наоѓа место и за некои од најпопуларните модни инфлуенсери.

Меѓу нив беше и Тамара Калиниќ, која не ја пропушти можноста уште еднаш да блесне на црвениот килим на Кански фестивал. Најпозната српска инфлуенсерка со два милиони следбеници на Инстаграм, на 78-то издание на фестивалот се појави во неколку различни модни комбинации.



За првите две вечери таа избра бели креации од брендови специјализирани за венчаници, на третата оддаде почит на гламурот од старата школа.


Таа носеше светкава креација од либанскиот моден дизајнер Ели Сааб.


Се работи за фустан од најновата колекција есен/зима 2025/2026, која беше прикажана на Модната недела во Париз. Тамара го надополни изгледот со накит од луксузниот бренд „Boucheron“ како и часовник.


Спонзорирани линкови

Маркетинг

назад до tocka.com.mk