„Денеска сум во општина Босилово, каде што имаше тематски состанок, разговаравме за откупот на земјоделски производи, младиот компир од реколта 2025 година“, истакна министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски.
„На состанокот заедно со откупувачите на оваа култура, како Министерство, како вистински медијатор седнавме и разговаравме за продолжување на откупот на компирот од оваа реколта“, појасни министерот.
Трипуновски додаде дека резултатот кој што денеска е постигнат е на задоволство на земјоделците.
„Она што сакам да го потенцирам е дека продолжуваме да се грижиме и да го цениме трудот на македонскиот земјоделец, за да работи со профит, со рентабилност. Затоа што може само така да ја вратиме довербата према институциите и да го зголемуваме земјоделското производство“, истакна министерот.
Тој посочи дека министерството и Владата посветено се грижат за земјоделците и работат во нивна корист се со цел да се зголеми земјоделското производство во Македонија.