Пешевска: Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ е бедем на женската борба и лидерство

Макфакс

18/05/2025

16:13

299

Големина на фонт

а а а

Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ денеска ја одржа својата 20-та Годишна конференција под мотото „Жените громогласни за Македонија“ во Градскиот парк во Скопје, каде што беше истакната улогата на Унијата како клучен двигател на женската борба, солидарност и лидерство.

Претседателката на Унијата, Жаклина Пешевска, во своето обраќање пред присутните ја подвлече важноста на упорноста и посветеноста во унапредувањето на правата и застапеноста на жените во политиката и општеството.


„Унијата на жени е бедем на женската борба, сила и лидерство. Истрајноста во борбата за женските права е клучен двигател на општествените и политички промени“, истакна Пешевска.


Според неа, во текот на 2024 година, Унијата реализирала над 2000 активности, од кои околу две третини биле од хуманитарен карактер.

„Со гордост можам да кажам дека преку Унијата градиме мостови, соработуваме со организации ширум светот и покажуваме дека македонската жена има што да каже“, додаде Пешевска.

Во својот говор таа посочи дека борбата на Унијата не е насочена исклучиво кон застапеност во партиските структури, туку и кон создавање на праведно општество во кое жената ќе биде почитувана не само поради својот пол, туку и поради својот труд, знаење и работа.