Амал Клуни се појави на црвениот килим на Канскиот филмски фестивал, но овој пат без нејзиниот сопруг, Џорџ Клуни.
Таа се прошета на црвениот килим оставајќи ги сите без зборови.
Дури и појавувањето без сопругот не успеа да го засени нејзиниот гламурозен изглед во долг црн фустан со потпис на Џон Галијано.
Нејзиниот избор беше навидум едноставен црн фустан со спуштени прерамки и пократка опашка.
Убавата адвокатка имаше и нагласено деколте, а некои тврдат дека опашката на фустанот не била предолга, што значи дека не ги прекршила новите правила.
Дијамантските обетки беа таму за да надополнат сè, а Амал уште еднаш покажа дека елеганцијата и стилот се нешто што ѝ е вродено и дека ниедно правило не може да ја спречи да биде модна победничка во секоја смисла.
Сите погледи беа насочени кон неа, а ова нејзино појавување без Клуни само дополнително ги разгоре гласините за наводните проблеми во нивниот брак и кризата што не ги заобиколи…