Каарија и Бејби Лазања не победија на Евровизија, но станаа миленици на публиката. Сега издадоа заедничка песна наречена „Eurodab“.
Иако ја најавуваа за денес, Каарија ја објави на „YouTube“ за време на втората полуфинална вечер на Евровизија. Во рок од 10 часа песната собра 26.000 прегледи и влезе во хрватскиот тренд.
Песната за првпат ја изведоа на настапот во евровизиското село во Базел. Каарија настапи на забавата во евровизиското село, а вистинската еуфорија настана кога на сцената излезе Бејби Лазања. Дуото има намера заедничка песна да ја изведе и во финалето на Евровизија во ревијалниот дел од програмата.
Фановите се воодушевени
Веќе има многу коментари за песната.
„Дали навистина го објавија ова за време на полуфиналето? Ги обожавам“, „Лудо е да пушташ песна за време на шоуто“, „Знаат што прават“, „Едвај чекам да го видам ова во финалето“, „Тие знаат што прават“, „Веројатно првата песна која содржи хрватски и фински јазик во себе“, „Ова е подобро од половина од нив што годинава се пласираа во финалето“, се дел од коментарите.
@nina.ama.laa #Eurodab at Eurovillage in Basel 🤘🏻 #eurovision #eurodab #babylasagna #käärijä #eurovision2025 #eurovisionbasel ♬ original sound - Nina 🌟
Да потсетиме, и двајцата завршија на второто место на Евровизија. Финскиот пејач Каарија се натпреваруваше во 2023 година со песната „Cha Cha Cha“, а Бејби Лазања ја претставуваше Хрватска минатата година со песната „Rim Tim Tagi Dim“. И двајцата беа фаворити на публиката.