Аморим ќе плати за билетите на 30 вработени во Манчестер Јунајтед

Дерби

14/05/2025

12:28

190

Големина на фонт

а а а

Манчестер Јунајтед ќе се соочи со Тотенхем во финалето на Лига Европа, во натпревар кој ќе донесе и билет за место во Лигата на шампионите следната сезона.

Рубен Аморим и неговите фудбалери стигнаа до завршниот дуел во Билбао, но португалскиот менаџер бил разочаран од една одлука на раководството на „црвените ѓаволи“.

Менаџментот му потврдил на Аморим дека нема да им подели бесплатни билети на неговите соработници и вработени во клубот кои имаат секојдневни обврски поврзани со првата екипа, па решил самиот да ги покрие трошоците.

Клубот само им обезбедил можност на вработените да купат два билета, но Аморим решил самиот да ги плати тие билети, а со тоа да им овозможи на дел од соработниците да го следат натпреварот во живо со своја придружба.

Јунајтед почна да крати трошоци по доаѓањето на косопственикот Џим Ретклиф, а официјалното објаснување е зошто само фудбалерите добиле по два платени билети е дека клубот сака да обезбеди што повеќе билети за своите навивачи.

Финалистите имаат по 15.000 билети на располагање.