Ал Хилал извиси за Салах, сега нуди цело богатство за друга премиерлигашка ѕвезда

Дерби

07/05/2025

11:56

1.001

Големина на фонт

а а а

Раководството на Ал Хилал е решено да инвестира во уште една голема ѕвезда за наредните сезони, а во летниот преоден рок ќе мора да бара друга солуција откако пропадна првичниот план.

Клубот од Саудиска Арабија очекуваше Мохамед Салах да ја прифати богатата понуда и да се пресели во Ријад, но наместо тоа, египетскиот репрезентативец реши да остане во Ливерпул, па Ал Хилал извиси во битката за неговиот потпис.

Англискиот новинар Бен Џејкобс откри дека не само што Ал Хилал одлучил кој ќе биде следниот „пик“ на трансфер пазарот, туку веќе испратил понуда до Бруно Фернандеш и Манчестер Јунајтед.

Португалецот добил опција за тригодишен договор, според кој ќе заработува 65 милиони фунти годишно, нешто што не може да го добие во ниту еден европски клуб.

Ал Хилал посакува да го добие Бруно уште за претстојното Светско клупско првенство, но јасно е дека премиерлигашот нема така лесно да се откаже од својот капитен и еден од своите најважни играчи во ростерот.

Доколку реши да го продаде Фернандеш, Јунајтед веројатно ќе заработи рекордна сума, со која ќе го собори досегашниот рекорд во Премиер лигата.