Познат е судијата кој ќе ја дели правдата на дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид

Дерби

06/05/2025

12:57

1.112

Големина на фонт

а а а

Познат е судијата кој ќе ја дели правдата на дербито меѓу Барселона и Реал Мадрид

Средбата се игра од попладневниот термин 16:15 часот, а веќе е и познат судијата кој ќе ја дели правдата на „Монжуик“. Познато е дека во Шпанија има многу коментари, реакции кога се во прашање арбитрите, но сега за главен човек на центарот ќе имаме човек кој е доста искусен и кој веќе ја има делено правдата на три „Ел Класико“ битки.

Се работи за Алехандро Ернандес Ернандес, човек кој во овие битки им има донесено повеќе среќа на каталонците со една победа и две нерешени.

Сезонава двапати и има судено на Барса, а трипата на клубот од Мадрид.

Задолжен за ВАР ќе биде Мартинез Мунуера.