[ВИДЕО/ФОТО] Популарниот остров остана во мрак! Прекин на струја го парализираше рајот на Земјата – шок за туристите, погоден и аеродромот!

Точка

02/05/2025

18:31

2.025

Големина на фонт

а а а

Прекин на електрична енергија денеска погоди неколку региони на туристичкиот остров Бали во Индонезија, соопшти државната енергетска компанија „Perusahaan Listrik Negara“ (PLN), додека напорите за обновување на снабдувањето се во тек.

Погоден беше и аеродромот на островот, но пристигнувањата и поаѓањата продолжија непречено, соопшти операторот на аеродромот, пренесе „Reuters“.

Од компанијата "PLN" наведуваат дека се истражува причината за прекинот и дека се работи на повторно воспоставување на напојувањето со електрична енергија.

„Процесот на опоравување моментално се спроведува постепено“, изјави портпарол на "PLN" на Бали.

Фотографии објавени на социјалните мрежи покажуваат сообраќаен хаос на Бали како резултат на прекинот на струја, како и долги редици во чекалниците на аеродромот.

Бали е водечка туристичка дестинација во Индонезија, со 6,3 милиони странски посетители во текот на минатата година, според податоците на Државниот завод за статистика.