Естонија доби шест ракетни системи „ХИМАРС“ од Америка

Макфакс

30/04/2025

18:44

308

Големина на фонт

а а а

Естонија доби шест американски ракетни системи ХИМАРС, соопшти денеска естонскиот центар за одбранбени инвестиции.

Мобилниот ракетен систем со дострел до 300 километри и е предаден на естонската армија во воздухопловната база Амари, соопшти Центарот.

„Стигнаа!  Ова ја зајакнува не само естонската одбрана, туку и безбедноста на целата Алијанса“, објави естонскиот министер за надворешни работи Маргус Цахна.

ХИМАРС (High Mobility Artillery Rocket System) е артилериски систем од повеќецевни ракетни фрлачи поставени на лесен камион. Може да лансира различни видови ракети, вклучувајќи ракети со дострел до 80 километри и тактички проектили со дострел до 300 километри.