Јавноста е во исчекување дали приказната за разводот на најпознатиот спортски пар Ана Ивановиќ и Бастијан Швајнштајгер конечно ќе добие потврда или наскоро ќе биде демантирана.
Постои сомнеж дека Бастијан се вљубил во новинарката и водителка Естер Седлачек и фановите наведуваат дека кога своевремено соработувал со неа, меѓу нив хемијата била навистина видлива.
Откако започнаа приказните за можниот развод на парот, Ана и Бастијан објавуваат самостојни фотографии од различни локации, но ниту една од нив не открива што точно се случува меѓу нив.
Меѓутоа, пред неколку денови се појавија фотографии и видеа од последното снимање и фотографирање за модна кампања. На Инстаграм профилот на „Brax Fashion“ објавени се фотографии од заедничкото снимање.
Но, не е јасно дали таа соработка се случила пред приказните за разводот или во некој подоцнежен период.
Она што е чудно, покрај заљубените погледи и веселите фотографии, е тоа што Бастијан на својот Инстаграм профил го споделил само својот удел во оваа реклама.
Под неговата објава се наоѓаат и неколку коментари, со прашањето: „Каде е Ана?“, но очигледно е дека одговор нема.