СДСМ извести дека денеска ќе објави нов скандал, поткрепен, какол што велат и со видео докази, „како Панче Тошковски и МВР штитат роднини на партиски функционери од ДПМНЕ“.
„Брат да ми е ќе одговара? Дали е ова точно што го кажува Панче Тошковски или уште една голема лага? Дали роднините на партиските функционери од ДПМНЕ праваш што сакаат и никој не ги казнува“, прашуваат од СДСМ и додаваат дека за денеска за 11.30 часот е закажана прес-конференција, во седиштето на партијата.