Пристигна првата реакција на Украина за преговорите меѓу Путин и човекот на Трамп

Макфакс

25/04/2025

19:34

871

Големина на фонт

а а а

Јуриј Сак, советник во украинското Министерство за стратешки индустрии, за Би-би-си изјави дека Русија „одолговлекува“ во преговорите за Украина и го третира целиот процес како „спектакл“. Сак нагласи дека Украина секојдневно комуницира со своите европски партнери и дека тие го уверуваат дека ќе ја поддржат Украина сè додека не се постигне мир.

Сепак, тој додаде дека постојат работи што само САД можат да ѝ ги обезбедат на Украина, па затоа е „многу важно да се зачува стратешкото партнерство“ со Вашингтон. „Русија мора да покаже вистински докази дека е посветена на мировниот процес“, рече Сак.

Да потсетиме, претходно денес, помошникот на рускиот претседател Јуриј Ушаков изјави дека Владимир Путин и американскиот претставник Стив Виткоф одржале „конструктивен состанок“ во Москва, каде што разговарале, меѓу другото, за можноста за директни преговори меѓу Русија и Украина.