[ВИДЕО] Ученик во Франција избол ученичка и повредил уште тројца соученици

Макфакс

24/04/2025

19:16

286

Големина на фонт

а а а

Петнаесетгодишно момче избоде до смрт ученичка и повреди уште тројца ученици во средно училиште во западниот француски град Нант пред да биде совладано од наставниците, соопшти полицијата.

Телевизијата БФМ објави дека едно девојче е убиено, а дека тројца од повредените се момчиња. Полицијата не ја потврди возраста или полот на жртвите.

Наставниот персонал го совладал напаѓачот во приватно католичко училиште пред да пристигне полицијата, изјави портпаролот на полицијата.

Полицијата не го именуваше осомничениот, ниту пак даде мотив за нападот, велејќи само дека нема индикации за тероризам.

Локалниот весник „Оест Франс“ напиша дека напаѓачот бил облечен во црно. Исто така, се наведува дека до неговите работи се пронајдени два ножа.

BFM и други медиуми објавија дека осомничениот напаѓач, користејќи ја својата е-пошта, испратил документ до сите ученици во училиштето во кој насликал темна слика за општеството, но не спомнал никаков налог за можен напад.

Француската телевизија „Франсинфо“ објави дека нападот со нож следел по конфликт меѓу учениците. Полицијата сè уште не ги потврдила медиумските извештаи.