Регионалниот центар за управување со кризи на Град Скопје, по добиена информација од ЈП Водовод и канализација – Скопје, известува дека денеска (четврток):
· поради изведување на водоводен приклучок ф-100 мм на ул. Благоја Стефковски 152, прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од ул. Благоја Стефковски и населбата Хиподром.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности. ( општина Гази Баба )
· поради уличен дефект ф-200 на бул. Илинден бб (во близина на маркет “ Рептил“), прекинато водоснабдување ќе имаат корисниците на дел од булеварот, односно потегот од Бледски Договор до Манапо и следниве улици: Драгиша Мишовиќ, Роберт Кох, Трифун Пановски, Радика, Огражден, Пелистерска, Струма и Карпошево Востание.
Водоснабдувањето ќе биде прекинато од 09:00 часот до завршување со работните активности.( општина Карпош ).