Секое нејзино модно издание е полн погодок, но последните три навистина ги воодушевија модните критичари.
Актерката Ева Лонгорија е една од оние жени кои со својата појава ја хипнотизира јавноста. Секое нејзино појавување на улиците потсетува на модните ревии во Париз, а секоја нејзина модна комбинација е приказна сама по себе.
Во еден ден најубавата џебна Венера успеала да промени дури три модни комбинации, а фотографите од странските медиуми успеале да го забележат овој потег.
Прво, носела црно – од глава до пети, па ја зголемила температурата со атрактивен фустан којшто ги нагласил нејзините витки нозе, а потоа денот го заокружила со жолт макси фустан.
Се чини дека омилената очајна домаќинка знае и умее да ги избере вистинските модни комбинации за дневни варијанти затоа што секоја од горенаведените ѝ стоела совршено.
Без оглед на тоа дали сака да ги нагласи своите витки нозе или тесниот струк, таа тоа ќе го постигне без мака, во состав со годините.
Ви се допаѓаат ли овие модни комбинации на Ева Лонгорија?