Погребот на папата Франциско ќе се одржи во сабота, соопшти Ватикан.
Погребот на папата ќе се одржи во сабота, со почеток во 10 часот, објави Ватикан, пренесуваат медиумите во регионот.
Во соопштението за медиумите се истакнува дека погребната миса на римскиот епископ Франциско ќе се одржи на плоштадот „Свети Петар“.
Ватикан објави дека папата починал од мозочен удар што предизвикал кома и неповратна срцева слабост, а исто така објави фотографија од папата Франциск во ковчег.