Со смртта на папата Франциско на 88-годишна возраст, светот загуби духовен водач кој со своите постапки често ги менувал воспоставените правила и ја приближувал Црквата до луѓето на маргините на општеството.
Еден од неговите највпечатливи и симболично најсилни гестови секако беше миењето на нозете на жените – првпат во историјата на папството.
Ја срушил вековната традиција
Имено, уште во 2013 година, само неколку дена откако бил избран за папа, Франциско одлучил да го помине Велики четврток в затвор, каде што им ги измил нозете на дванаесет млади затвореници, меѓу кои и две девојки – едната католичка, другата муслиманка.
Со тој чин, тој ја срушил вековната традиција во која папите го извршувале овој обред, кој ја симболизира Исусовата понизност и служење на другите, исклучиво на мажи, најчесто свештеници.
Оттогаш, миењето на нозете на Велики четврток стана можност за папата Франциск да ја нагласи блискоста со оние кои честопати се заборавени – затворениците, постарите, мигрантите и луѓето од друга вероисповед.
Во 2024 година, Папата во инвалидска количка го посетил женскиот затвор Ребибиа на периферијата на Рим. Таму тој им ги измил и бакнал нозете на 12 жени, меѓу и жени по потекло од странски држави, а некои од нив плачеле за време на обредот.
„Секоја од вас има своја приказна, но Господ нè слуша со раширени раце и никогаш не се уморува од простувањето“, им порачал папата Франциско тогаш.