Ливерпул реши уште еден проблем: Ван Дајк официјално останува на „Енфилд“

Дерби

17/04/2025

12:47

1.058

Големина на фонт

а а а

Ливерпул денеска потврди дека Вирџил ван Дајк дефинитивно останува на „Енфилд“ и наредните сезони, со што е ставен крај на уште една неизвесност која се провлекуваше низ сезоната на „црвените“.

Исто како и Мохамед Салах, капитенот Ван Дајк решил да го продолжи договорот со Ливерпул и ги израдува фановите кои не сакаа да се соочат со информација дека најдобриот дефанзивец заминува летово.

Информациите се дека и Ван Дајк, по примерот на Салах, ставил потпис на договор кој ќе трае до 2027 година, што му гарантира уште две сезони во редовите на премиерлигашот.

Ван Дајк дојде во Ливерпул во 2018 година од Саутемтптон за тогаш рекордни 75 милиони фунти, а времето покажа дека ова бил еден од најдобрите трансфери на англискиот клуб изминатите децении.

Досега, холандскиот стопер ги освои сите трофеи со Ливерпул, а сезонава „црвените“ се блиску до нова титула во Премиер лигата.