Италијанскиот претседател Серџо Матарела денес ја напушти болницата „Санто Спирито“ во Рим откако му беше вграден пејсмејкер.
Во вторникот, Матарела успешно беше подложен на хируршка интервенција за инсталирање пејсмејкер, а претседателството нагласи дека нема причина за загриженост, објави Анса.
Тој се врати во својата резиденција, објави неговиот кабинет.
Веста за хоспитализацијата на претседателот предизвика бројни пораки за поддршка од сите политички кругови, вклучително и од премиерката на земјата, Џорџа Мелони.
„Му ги испраќам моите најтопли желби на претседателот Матарела за брзо и целосно закрепнување. Италија ве очекува наскоро со истата сила и посветеност“, рече Мелони преку социјалните мрежи, пренесува Танјуг.