Карвахал го подбра Сака за неговата „паненка“ провокација и предизвика мешаница на „Бернабеу“

Дерби

17/04/2025

12:00

1.122

Големина на фонт

а а а

Реал Мадрид не успеа да стигне до посакуваниот резултат на реваншот со Арсенал и остана без место во полуфиналето на Лигата на шампионите, а гостите уште во првиот дел пропуштија голема шанса да го најават својот голем успех.

Букајо Сака имаше можност да реализира пенал и со тоа да донесе предност на „топчиите“, но неговиот паненка удар беше прочитан од Тибо Куртоа и белгискиот голман во тие моменти успеа да спречи рана негатива на „Бернабеу“.

Начинот на кој Сака го изведе пеналот од многумина беше прочитано како провокација за домашната екипа, а очигледно така размислуваше и Дани Карвахал.

Искусниот десен бек ја заврши сезоната поради посериозна повреда, но вчера не само што бил на теренот, туку реши и да му одржи лекција на Сака по крајот на полувремето.

Вербалниот дуел донесе и сериозна мешаница и туркање на влезот во тунелот, па и дополнително зголемување на тензијата во пресрет на продолжението. Карвахал веројатно ќе биде казнет за своето однесување, а Сака не беше премногу заинтересиран да ги слуша неговите замерки.