Звезда не заборави на својата „кобра“: Раководството на „црвено-белите“ го посети Панчев

Дерби

17/04/2025

11:57

1.157

Големина на фонт

а а а

Пријателскиот натпревар меѓу Вардар и Црвена Звезда го привлече вниманието на фудбалската јавност во Македонија, но и во регионот, а присуството на голем број навивачи на стадионот ќе има сериозен придонес и во рамките на хуманитарниот карактер на натпреварот.

Екс-ју ривалите се сретнаа со цел да се соберат средства како помош за семејствата на настраданите во трагедијата во Кочани, а на арената „Тодор Проески“ се појавија и голем број легенди на двата клуба.

Недостасуваше Дарко Панчев, кој беше и иницијатор на овој хуманитарен натпревар, но според информациите, не се појави пред скопската публика поради смртен случај во семејството.

Црвена Звезда сепак направи одличен гест, откако делегација на клубот предводена од претседателот Звездан Терзиќ, го посетила Панчев во неговиот семеен дом.

Претставниците на Звезда, меѓу кои и легендарниот Илија Петковиќ, Митар Мркела и Марко Марин не заборавија на клупската легенда и посетата на Скопје ја заокружија со средба со некогашниот голгетер на „црвено-белите“.