[ВИДЕО] Јотова: Постои обид од колегите од Република Македонија нормалните барања на Бугарија да ги претстават како каприц

Макфакс

17/04/2025

12:37

4.981

Големина на фонт

а а а

Потпретседателката на Бугарија, Илијана Јотова и еврокомесарката за проширување Марта Кос ќе разговараат за проширувањето на ЕУ кон Западен Балкан. Тие ќе учествуваат на отворањето на форумот „Европската унија се среќава со Балканот“.

„Ова ќе биде моја прва средба со комесарката Кос. Сакаме да чуеме од неа каква е визијата за проширување на ЕУ кон Западен Балкан. Мојата опсервација е дека оваа тема е целосно напуштена во последните месеци“, рече таа пред почетокот на форумот, пренесуваат бугарските медиуми.

Јотова, исто така, потврди дека ќе го изнесе ставот на Бугарија во врска со Република Северна Македонија.

„Според мене, оваа дебата се искривува, и овде во Бугарија и на европската сцена. Постои обид од страна на нашите колеги од РСМ да ги претстават нормалните барања на Бугарија – да се почитуваат европските критериуми – како речиси каприц од наша страна, а покрај тоа, с