Ниту еден обвинител не се повлекол од истрагата за Кочани, велат од ЈОРМ

Макфакс

17/04/2025

11:23

453

Големина на фонт

а а а

Ниту еден јавен обвинител не се повлекол од истрагата за пожарот во Кочани поради наводни притисоци и несогласување со правната квалификација, соопштија од Јавното обвинителство, по наводите на ДУИ дека еден јавен обвинител се повлекол, поради несогласувања околу квалификацијата на делото и особено поради политички притисоци од страна на партии во Владата.

Од Обвинителството наведуваат дека обвинителскиот тим постапува целосно синхронизирано и непрекинато презема дејствија.


Од таму додаваат дека не се повлекол обвинител ниту од Јавното обвинителство, ниту од Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција чие одделение ги истражува полицајците осомничени за трагедијата во Кочани.