Борусија Дортмунд даде се од себе и со херојско издание се прости од Лигата на шампионите, претстава со која само потврди дека неслучајно беше актуелен вицешампион на Европа.
Германскиот тим одигра фајтерски во пресметката против фаворизираната Барселона и успеа целосно да ја анулира блескавата игра на каталонскиот гигант, но сепак победата од 3:1 не беше доволна за пласман во полуфиналето.
Тешкиот пораз од 4:0 на гостувањето на „Монжуик“ им пресуди на „милионерите“, но бидејќи двата тима се разделија во многу добро расположение на теренот, имаше позитивно „трето полувреме“ и на социјалните мрежи.
Барселона преку официјална порака и порача на Борусија дека била извонреден ривал и дека со храбрата игра им ги отежнале работите на реваншот, по што следеше краток одговор од спротивната страна.
– Освоете го натпреварувањето!
Nos lo habéis puesto muy difícil, habéis sido un gran rival. Suerte en lo que queda de temporada y nos vemos a la próxima, @BlackYellow. pic.twitter.com/9EDPh0tZ6q
— FC Barcelona (@FCBarcelona_es) April 15, 2025